Регионален состанок организиран од RIPE NCC во Белград (SEE4)

По четврти пат од 21-22.04.2015 во југоисточниот дел на Европа, беше организиран регионалниот собир кои им нуди можност на мрежните инженери и друг вид на технички персонал да се запознаат, да се поврзат и да го споделат своето знаење и искуство. На овој собир учествуваат претставници од академските мрежи, образовни институции, владин сектор како и претставници на точките за размена на интернет сообраќај. МАРнет имаше свои претставници на овој настан, како и на сите претходни кои беа организирани во југоисточна Европа.

Повеќе информации можете да прочитате овде:

https://www.ripe.net/participate/meetings/regional-meetings/see-4

Учество на работилницата за „Безбедност на мрежите и мрежните сервиси“

Во периодот од 18 до 20 март 2015 година во Белград,  Академската мрежа на Србија (AMRES) ја организираше работилницата за Безбедност на мрежните и мрежните сервиси која имаше за цел да ги едуцира и да ја збогати праксата кај администраторите на мрежни сервиси.

МАРнет учествуваше на оваа работилница, на која претставниците се стекнаа со теоретско и практично искуство кое несомнено ќе помогне во понатамошниот професионален развој.

На следниот линк можете да прочитате повеќе информации за настанот.

http://cbp.rcub.bg.ac.rs/?page_id=614

Политика за заштита на животната средина

Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет, организација свесна за  големата потрошувачка на енергија, работи на воспоставување на стандарди за економично работење, со цел обезбедување на одржливост на околината, економска ефективност и ефикасно управување со операциите и опремата.

Прочитај повеќе “Политика за заштита на животната средина”

Објавен е новиот правилник

Од 10.06.2014 година стапи на сила новиот Правилник за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД домен. Со овој Привилник за прв пат е овозможена онлајн регистрација на националните домени. За само неколку минути, саканиот домен може да биде регистриран со посредство на регистрарите.  И покрај оваа огромна олеснителна околност, многу е важно да се внимава на внесените податоци, нивната точност и ажурност за избегнување на понатамошни проблеми при операции со доменот.

Неколку месеци претходно пазарот на македонските домени беше проширен со тоа што беа воведени регистрари. Изборот за тоа каде ќе  за крајните корисници се зголемува, а се намалува времето и ресурсите кои до сега беа потребни за да се регистрира нов домен.

Македонија петта земја во светот со национален кириличен домен (.мкд)

Со воспоставувањето на националниот кириличен домен (.мкд) во меѓународниот интернет простор, направен е еден чекор напред во зацврстувањето на македонскиот јазик и писмо, што претставува само продолжување на големите дела на Македонците низ минатото.

Ова го рече министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на денешното претставување на кириличниот домен кое се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков„ во Скопје. Заедно со директорот на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, Сашо Димитријоски и директорот на Институтот, Гоце Цветановски, министерот Ивановски претстави и повеќе примери на национални домени кои ги содржат кириличните букви карактеристични за македонската азбука.

Прочитај повеќе “Македонија петта земја во светот со национален кириличен домен (.мкд)”