„Надлежноста на МАРнет е утврдена во Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа („Сл. Весник на РМ“ бр.124/10, 47/11, 41/14), Со Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД домен (во понатамошниот текст- Правилник) се регулираат прашањата на организацијата и управувањето со врвниот македонски .mk домен и врвниот македонски .мкд домен, видови поддомени во .mk и .мкд домените и користењето на истите, називите на поддомените, регистрацијата и бришењето на поддомените во .mk и .мкд домените, права и обврски на корисниците на поддомени, начинот на упатување за решавањето на спорови и други прашања во врска со водењето на врвните македонски домени и регистрираните поддомени во .mk и .мкд домените.“