Во периодот од 18 до 20 март 2015 година во Белград, Академската мрежа на Србија (AMRES) ја организираше работилницата за Безбедност на мрежните и мрежните сервиси која имаше за цел да ги едуцира и да ја збогати праксата кај администраторите на мрежни сервиси.
МАРнет учествуваше на оваа работилница, на која претставниците се стекнаа со теоретско и практично искуство кое несомнено ќе помогне во понатамошниот професионален развој.
На следниот линк можете да прочитате повеќе информации за настанот.