ОДЛУКА

Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/19, 14/20 и 215/21) и конечна ранг листа на кандидати од сите фази на селекција, Директорот на Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет донесе
О Д Л У К А
за избор на 1(еден) извршител-по пат на интерен оглас 1/2021

1. За извршител на работно место Раководител на одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања, Одделение за буџетска контрола, категорија Б, ниво Б4, шифра на работно место УПР0101Б04000, во МАРнет, по пат на интерен оглас 1/2021 се избира Александар Попоски.
2. Изборот е извршен врз основа на Записник од работата на Комисијата за унапредување на административен службеник заради спроведување на интервју и Финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат по интерен оглас број 1/2021 со архивски бр 04-366/2 од 23.12.2021 година.
3. Именуваниот ќе биде унапреден на работното место од точка 1 по конечноста на оваа одлука.
4. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
Образложение
По објавениот интерен оглас број 1/2021 од 10.12.2021 година на веб страницата на институцијата и на Агенцијата за администрација, Комисијата за селекција за унапредување по интерен оглас формирана од страна на директорот на МАРнет со Решение број 02-365/1 од 22.12.2021 година, во функција на спроведување на постапката за унапредување на административен службеник за извршување на работите од точка 1 на оваа одлука, спроведе административна селекција за интерен оглас за што состави Записник број 04-366/1 од 23.12.2021 година. Врз основа на освоените бодови од аминистративна селекција и освоените бодови од интервјуто, Комисијата состави Записник од работата на Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник заради спроведување на интервју број 04-366/2 од 23.12.2021 година и Финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат.
По завршување на постапката за избор, раководното лице на институцијата носи решение за унапредување.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8(осум) дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страницата на институцијата.

Директор
Томи Божиновски