Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет, организација свесна за големата потрошувачка на енергија, работи на воспоставување на стандарди за економично работење, со цел обезбедување на одржливост на околината, економска ефективност и ефикасно управување со операциите и опремата.
Нашата добра пракса за заштита на животната средина е нагласена во максимата – Мисли глобално, делувај локално и е имплементирана во бизнис активностите на МАРнет, секојдневните операции како и одржувањето и развојот на академската истражувачка мрежа во целост.
Нагласена е улогата на секоја индивидуа, како во нашата институција така и во интернет заедницата, во насока на обврската да се контролираат гасовите на стаклена градина, загадувањето како и други извори на емисија на штетни гасови. Сето ова е посебно важно во однос на локациите каде е сконцентрирана опрема и податочните центри.
Во согласност со гореспоменатото, нашата Политика за заштита на животната средина се базира на:
Примена на мерки за заштита, стандарди и мерења.
Почит кон околината, човештвото и општеството, нивната поврзаност и коегзистенцијата.
Надзор на енергетските и материјалните потреби како и целокупната енергетска потрошувачка.
Зачувување на расположливите ресурси и набавување на опрема со висок степен на енергетска ефикасност.
Поддршка на персоналот во иницијативи, идеи и акционен план за заштеда на енергија од страна на најголемите потрошувачи.
Промоција на најдобар начин за користење на опрема во режим за зачувување на енергија преку различни пракси за „раззеленување“.
Споделување на идеи, искуства и иницијативи во рамки на МАРнет како и со други заинтересирани страни, со цел градење на стабилна и детална политика за зачувување на животната средина.
Учество на настани, истражувачки активности и проекти за откривање на новитети во однос на Green ICT.
One thought on “Политика за заштита на животната средина”
Comments are closed.