Политика за приватност (web site)
1. Опис
Грижата за клиентите и за нивната приватност претставува приоритет во МАРнет. Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при посета на веб-страницата или некои од другите веб базирани услуги на МАРнет, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.
2. Информации кои ги собира МАРнет
МАРнет, во својство на контролор, согласно Законот за заштита на лични податоци, ги информира клиентите, за начинот на кој се врши обработка на лични податоци при посета на:
a) Официјалната интернет страница на МАРнет
При посета на некоја од горенаведените услуги МАРнет ги собира следните информации:
a) Информации кои не се лични. Податоци за содржината која ја гледате и со која ракувате и кои се однесуваат на софтверот за интернет-прелистувачот, кои содржини ги кликате, типот на компјутер, како и технички информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата, како што се оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и сл.
b) Услугата, производот или записите од серверот, кои содржат технички информации за Вашето користење на услугата, производот или веб-сајтот, како што е Вашата IP адреса, домен, уред или поставувања на апликацијата, грешките и активноста на хардверот
3. Како МАРнет ги користи собраните податоци
МАРнет може да ги користи информациите кои ги собира заради повеќе причини, и тоа:
a) Да Ви ја обезбеди бараната информација, при што Ве идентификува;
b) Да обезбеди грижа за посетителите на веб страната
c) Да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со МАРнет;
d) Помош при рекламација или проблем
Дополнително собраните податоци се користат за:
a) Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб страна
b) Да се подобрат постоечките и создадат нови услуги, препораки, реклами и други комуникации
4. Споделување на информации
МАРнет не ги открива Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон.
5. Што правиме ние за да ги заштитиме вашите информации
МАРнет ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.
6. Пристап до Вашите информации и Вашите права
Доколку сакате да дознаете кои категории на ваши лични податоци ги обработува МАРнет, за која цел или да побарате запирање на обработката, ве молиме обратете се до МАРнет согласно контакт информациите наведени на крајот од оваа политика. Доколку сакате да направите измена, дополна, бришење, или ажурирање на сите неточни лични податоци, ве молиме обратете со на контакт информациите наведени подоле.
Ако сметате дека при обработка не сме постапиле во согласност со Вашите законски права или применетите закони за приватност, можете да се обратите до ОЗЛП на МАРнет, чиј контакт информации можете да ги најдете подоле. Земајќи ги предвид сложеноста и бројот на барањата поднесени од страна на субјектот на лични податоци, МАРнет ќе пристапи кон исполнување на барањата согласно законски предвидениот рок и ќе го извести субјектот во случај на продолжување на рокот. МАРнет ги презема активностите поврзани со исполнување на правата на субјектот на лични податоци, без надоместок.
7. „Cookies”
МАРнет користи технологии кои се широко распространети во индустријата за собирање на информации во врска со користењето на нашиот веб-сајт, познати како „cookies“ (колачиња). На пример, овие технологии ни откриваат кои корисници кликнале на важни елементи (како линкови или графика) од веб страната и да го препознаат прелистувачот следниот пат кога ќе ја посетите нашата веб страна. Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри корисничкото искуство и функционалноста на web site-oт на МАРнет.
8. Прифаќање на условите
Со користењето на оваа веб страница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на МАРнет. Ако не се согласувате со истата, ве молиме не ја користете нашата веб страница.
Контактирајте нè
Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на МАРнет при користењето на нашата веб страница, ве молиме контактирајте нè на:
МАРнет
Адреса: Булевар Партизански Одреди бр.17
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Телефон: +389 (0) 2 32 56 56 1
email: info@marnet.mk
ОЗЛП
Email: aleksandra.krstevska@marnet.mk
Телефон: +389 (0)78 452/187
*** Доколку сакате комплетен документ за Политика за приватност можете да го симнете тука.