Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.

Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации

Согласно обврските што произлегуваат од член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019), имателот на информации -Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет, за службено лице кое посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер го определи административниот службеник:

Александра Крстевска

Телефон: 02 3256-561

email: Aleksandra.krstevska@marnet.mk

Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет
Бул Партизански одреди број 17, 1000 Скопје
Република Северна Македонија

Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер https://aspi.mk/


    Со притискање на копчето ИСПРАТИ БАРАЊЕ се согласувате со нашиот Политика за Приватност.

    МАРнет врши регистрација на .mk и .мкд домените исклучиво на државните институциии.

    • Регистрација на мк и мкд домени (Барање за домен ⇓)
    • Правото за регистрација на домени од страна на приватни физички и правни лица, МАРнет го пренесе на Регистрарите
    • Издавање на потврда за регистриран домен

    Тарифник за изменување и дополнување на Тарифникот за надоместок за регистрација на домен (Симни ⇓)

    Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага МАРнет.

    Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

    Писменото Барање може да се поднесе до МАРнет непосредно во архивата; преку пошта на адреса на МАРнет (Бул.Партизански одреди, бр.17, Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: Aleksandra.krstevska@marnet.mk ).

    Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

    Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

    Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

    Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Алкесандра Крстевска, контакт телефон: +389(0)2 3256-561

    и е-маил: Aleksandra.krstevska@marnet.mk