за нас

ОСНОВАЊЕ

МАРнет е јавна установа која врши дејност од јавен интерес.
Основана е со изгласување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа – МАРнет е донесен и објавен на 20.09.2010 година, во Службен весник на РМ бр.124. Со тоа МАРнет стекнува статус на правно лице со запишување во централниот регистар на Република Македонија.
Со назначувањето на директор, МАРнет официјално започнува со работа.

МИСИЈА

Мисијата на МАРнет е обезбедување на услуги на национално ниво и меѓународно поврзување на Македонската академска истражувачка и образовна заедница и поддршка на нивните истражувачки и образовни активности; промовирање и дисеминирање на употребата на информациските и комуникациските технологии посебно  во академскиот и истражувачкиот сектор; одржување и управување со националниот ДНС, меѓународно претставување и членство; водење на политика и развој на националната академска мрежа.

УПРАВЕН ОДБОР

Управувањето со МАРнет се врши од страна на Управниот одбор. Членовите на одборот се именуваат и разрешуваат од страна на Владата на Р. Македонија.

Членовите на Управниот одбор се именуваат врз принципот на стручност и компетентност и принципот на соодветна и правична застапеност.

Моментални членовите на Управниот одбор се:
проф. д-р Боро Јакимовски – претседател на УО
проф. д-р Зоран Здравев
м-р Димитар Манчев
Кети Костовска
проф. д-р Илија Јолески
доц. д-р Агон Мемети
проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска

Офицер за заштита на лични податоци

Александра Крстевска

078 452 187

email: aleksandra.krstevska@marnet.mk

ПОЛИТИКИ

ДИРЕКТОР

Томи Божиновски

Датум на раѓање: 03.08.1968 година

Место: Битола

Образование: Универзитет во Љубљана-Факултет за електротехника и компјутерски науки

Звање: Дипломиран инженер по електротехника email: tomi.bozinovski@marnet.mk

Тел контакт: 02 32 56561

1994-2002
Управа за Јавни приходи, дирекција Битола, Виши референт за организација на АОП (Автоматска обработка на податоци)

2002-2003
Управа за Јавни приходи, Регионален центар Битола- Раководител на Одделение за техничка подршка на информациониот систем

2003-2006
Мастерлине-Представништво Скопје, Технички директор

2006-2009
Мастерлине-Представништво Скопје-Директор на представништво

11/2009-08-2017
Мастерлине Д.О.О-Скопје-Директор

08/2017-08/2019
МЕПСО АД-Скопје-Директор на сектор за ИТ и ТК и член на Управен одбор

08/2019-11/2019
Арбеит за МЕПСО АД-Скопје- Самостоен референт за набавка

09/2019-07/2021
МЕПСО АД-САКОПЈЕ- Одговорен инжинер за бизнис информациски сервери, сектор за ИТ и ТК

07/2021-
МАРнет- Директор

zanas