Политика за колачиња (Cookies)

Македонска академска истражувачка мрежа – МАРнет | marnet.mk/dokumenti/politika-za-kolacinja/
Верзија 2.0 | Последно ажурирање: 24.03.2026

Контролор: Македонска академска истражувачка мрежа (МАРнет) | ЕДБ: 4030996107816
Офицер за ЗЛП: Александра Крстевска | aleksandra.krstevska@marnet.mk
Правна основа: Закон за заштита на личните податоци (Сл. весник РСМ бр. 42/20, 294/21, 101/25) | Закон за електронски комуникации – Член 168

1. Опис и цел

Оваа Политика за колачиња ги објаснува: што се колачиња, кои видови ги користи веб-страницата www.marnet.mk, за кои цели, кои лични податоци се обработуваат, на кои правни основи, и кои се вашите права.

2. Што се колачиња?

Колаче (cookie) е мала текстуална датотека која се зачувува на вашиот уред кога ја посетувате веб-страницата www.marnet.mk. Колачињата ги памтат вашите преференции, овозможуваат непречена навигација, помагаат да разбереме како посетителите ја користат страницата и, во одредени случаи, овозможуваат персонализирани содржини.

Колачињата НЕ можат: да читаат датотеки од вашиот уред, да пристапат до лични податоци кои не сте ги доставиле преку веб-страницата, нити да извршуваат програмски код.

3. Правна основа по категории

Вид на колаче Правна основа Потребна согласност?
Нужни / Технички нужни Легитимен интерес (чл. 10 ст.1 т.е ЗЗЛП) и чл. 168 ЗЕК Не – секогаш активни
Функционални Согласност (чл. 10 ст.1 т.а ЗЗЛП) Да
Аналитички / Перформансни Согласност (чл. 10 ст.1 т.а ЗЗЛП) Да
Рекламни / Таргетирање Изрична согласност (чл. 10 ст.1 т.а ЗЗЛП) Да – задолжително пред активирање

4. Детален преглед на колачиња

5. Управување со согласноста

5.1 Преку банерот на www.marnet.mk

При прва посета ќе се прикаже банер со следните можности:

  • Прифати ги сите колачиња – ги активира сите категории;
  • Прифати само нужни – ги активира исклучиво задолжителните колачиња;
  • Поставки за колачиња – поставување на согласност по категории (гранулирано).

Вашиот избор се чува во cookieconsent_status . Може да ја промените согласноста во секое време преку врската Поставки за колачиња во подножјето на страницата.

5.2 Преку поставките на прелистувачот

  • Google Chrome: Поставки > Приватност и безбедност > Колачиња и другите податоци
  • Mozilla Firefox: Поставки > Приватност и безбедност > Колачиња и подадоци на страницата
  • Microsoft Edge: Поставки > Колачиња и дозволи на страницата
  • Safari: Преференции > Приватност > Управување со веб-податоци

Целосното исклучување на колачиња може да предизвика неправилно функционирање на одредени делови на веб-страницата.

5.3 Одбивање на Google Analytics

Инсталирајте го додаткот за прелистувач: tools.google.com/dlpage/gaoptout

6. Вашите права

Во врска со личните податоци обработувани преку колачиња, ги имате сите права предвидени со ЗЗЛП: право на пристап (чл. 15), исправка (чл. 18), бришење (чл. 19), ограничување (чл. 20), приговор (чл. 23) и повлекување на согласноста во секое време без ретроактивно дејство.

Поднесете барање до:
Офицер за ЗЛП: Александра Крстевска | aleksandra.krstevska@marnet.mk | +389 2 3256561
или до АЗЛП: бул. Гоце Делчев бр.18, Скопје | info@privacy.mk | www.privacy.mk

7. Измени

Сите измени се објавуваат на оваа адреса со ажурирање на датумот. При суштински измени, корисниците ќе бидат информирани преку видлива нотификација.

Верзија 2.0 ја заменува Политиката за колачиња од јануари 2023 година.