Политика за приватност

Македонска академска истражувачка мрежа – МАРнет
Верзија 2.0  |  Последно ажурирање: 24.03.2026
URL: https://marnet.mk/dokumenti/politika-za-privatnost/

Контролор на личните податоци:
Македонска академска истражувачка мрежа (МАРнет)
бул. Партизански одреди бр.17, 1000 Скопје  |  ЕДБ: 4030996107816
Тел: +389 2 3256561  |  Е-пошта: info@marnet.mk
Офицер за заштита на лични податоци: Александра Крстевска
Е-пошта: aleksandra.krstevska@marnet.mk

1. Општи одредби

Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет) – национален управувач со .mk интернет домените, ги почитува вашите лични податоци и се обврзува да ги обработува согласно Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП) и важечките прописи на Република Северна Македонија.

Оваа Политика за приватност ја дефинира начинот на кој МАРнет собира, обработува, користи, чува и заштитува лични податоци на физичките лица – корисници на неговите услуги.

2. Категории на лични податоци и цели на обработка

2.1 Регистрација и управување со .mk интернет домени

При поднесување на Барање за регистрација на .mk интернет домен, се обработуваат следните лични податоци:

Улога Лични податоци Цел Правна основа
Регистрант Ime/назив, ЕМБГ/ДДВ, улица, град, земја, поштенски код, телефон, е-пошта Регистрација на домен; идентификација на носителот на правото Извршување на договор (чл. 10 ст.1 т.б)
Административен контакт Ime, презиме, телефон, е-пошта Комуникација за управување со доменот Извршување на договор (чл. 10 ст.1 т.б)
Технички контакт Ime, презиме, телефон, е-пошта Техничка поддршка за доменот Извршување на договор (чл. 10 ст.1 т.б)

2.2 Веб-апликација WHOIS (whois.marnet.mk)

Преку WHOIS апликацијата се обезбедува јавен пристап до информации за регистрирани .mk домени (имиња на контакт лица, е-пошта, телефони).

  • Цел: Транспарентност и достапност на информации за регистрирани .mk домени согласно Правилникот за организацијата и управувањето со врвните национални интернет домени;
  • Правна основа: Законска обврска и легитимен интерес (чл. 10 ст.1 т.в и т.е ЗЗЛП);
  • Безбедност: Шифрирана комуникација TLS/HTTPS (имплементирано).

2.3 Контакт форма (marnet.mk/kontakt/)

При користење на формуларот за контакт се обработуваат: Ime и презиме, е-пошта, телефон и содржина на пораката.
Правна основа: Согласност (чл. 10 ст.1 т.а ЗЗЛП). Рок на чување: 2 години.

2.4 Колачиња (Cookies)

Веб-страницата marnet.mk користи колачиња. Детални информации се достапни во Политиката за колачиња.

3. Примачи на личните податоци

МАРнет не ги продава вашите лични податоци на трети страни. Податоците можат да бидат споделени само со:

  • Надлежни државни органи – по законска обврска (судови, полиција, регулаторни тела);
  • Обработувачи на лични податоци – со договор за обработка согласно чл. 38 ЗЗЛП;
  • Меѓународен пренос – само со соодветна заштита согласно ЗЗЛП (Стандардни договорни клаузули – SCC).

4. Рокови на чување

Категорија Рок на чување Образложение
Податоци за регистрирани .mk домени (Досие на домен) Трајна архивска граѓа; лични податоци надвор од функцијата на регистарот се бришат по истекување на договор Архивски карактер на регистарот; правна заштита
Контакт форма – пораки 2 години Рок за одговор и следење на барања
Сесиски колачиња До крај на сесијата Техничка нужност
Постојани колачиња До 12 месеци или до повлекување на согласност Согласно намената на колачето

5. Вашите права

Согласно ЗЗЛП, имате следните права во врска со вашите лични податоци:

Право на пристап (чл. 15)Да добиете потврда и копија дали и кои ваши лични податоци се обработуваат.
Право на исправка (чл. 18)Да барате исправка на неточни или нецелосни лични податоци.
Право на бришење (чл. 19)Право на заборавање – да барате бришење на вашите лични податоци.
Право на ограничување (чл. 20)Да барате ограничување на обработката во определени случаи.
Право на преносливост (чл. 22)Да ги добиете вашите податоци во структуриран, машински читлив формат (само за обработки засновани на согласност или договор).
Право на приговор (чл. 23)Да приговарате против обработката заснована на легитимен интерес.
Повлекување на согласностВо секое време, без ретроактивно дејство по претходно извршената обработка.
Право на претставка (чл. 76)Да поднесете претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП).
Поднесете барање за остварување на правата до:
Офицер за ЗЛП: Александра Крстевска
Е-пошта: aleksandra.krstevska@marnet.mk
Тел: +389 2 3256561

или до АЗЛП: бул. Гоце Делчев бр.18, Скопје  |  info@privacy.mk  |  www.privacy.mk

6. Безбедност на обработката

МАРнет ги применува следните технички и организациски мерки за безбедност:

  • Шифрирана комуникација (TLS/HTTPS) при пренос на лични податоци преку интернет;
  • Контрола на пристап до системите кои содржат лични податоци (принцип на минимален пристап);
  • Редовни резервни копии и заштита на базите со лични податоци;
  • Физичка заштита на серверски простории;
  • Обука на вработените за заштита на личните податоци и информациска безбедност;
  • Договори за обработка со сите надворешни обработувачи (чл. 38 ЗЗЛП).

7. Автоматско одлучување и профилирање

МАРнет не врши автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, кое произведува правни или слично значајни последици по субјектите на личните податоци согласно Член 24 ЗЗЛП. Доколку во иднина МАРнет воведе таква обработка, субјектите ќе бидат информирани пред нејзиното спроведување.

8. Измени на Политиката за приватност

МАРнет го задржува правото да ја измени оваа Политика. Сите измени се објавуваат на оваа страница со ажурирање на датумот. При суштински измени, корисниците ќе бидат известени.

Оваа Политика е донесена во согласност со членовите 9, 16, 17, 18 и 19 од ЗЗЛП.