Секое правно лице основано во Република Македонија кое ќе ги исполни административните и технички услови предвидени од МАРнет, ќе се стекне со правото за вршење на регистрација на .mk и (или) .мкд домени.
* Општите услови за работа на регистрар можете да ги преземете тука.
* Техничките барања на системот за регистрација на домени можете да ги видите тука.
* Административни и Технички услови за работа на Овластените Регистратори може да ги видете тука.
Процесот на воведување на нов Регистар се состои од следните фази:
- Пријава за регистрар
- Изработка на софтверско решение кои ќе се интегрира со системот за регистрација базирано на EPP протокол
- Презентација на софтверското решение во тест околина со цел започнување на процес на тестирање и валидација со тест околината на МАРнет.
- Издавање на тест креденцијали за валидација и тестирање согласно „Фазите на тестирање“
- Потпишување на правни акти за нов Регистар
- Имплементација на продукциски креденцијали и започнување со работа
Првиот чекор во делот на пријава за регистар е доставување на долунаведените документи на: info@marnet.mk
Потребно да се приложат следниве документи:
* Изјава
* Тековна состојба на субјектот
* Опис на компанијата
* Спецификација на кадрите со кои располага компанијата
* Опис на технички карактеристики и план за изработка на софтверско решение кои ќе се интегрира со системот за регистрација
Вториот чекор вклучува изработка на софтверското решение врз база на документацијата. Во овој чекор, МАРНет може да обезбеди техничка поддршка преку е-маил или состаноци во однос на технички прашања согласно потребите на идниот Регистар. Успешното завршување на оваа фаза ќе овозможи квалитетна интеграција на системите како и разбирање на бизнис процесите поврзани со регистрацијата на домени.
Третиот чекор треба да покаже дека идниот Регистарот е спремен за започнување на тестирање и валидација согласно стандардизираните тестови, по што се смета дека идниот Регистар е спремен за безбедна и квалитетна интеграција со системот за регистрација на домени.
Четвртиот чекор е процесот на тестирање и валидација согласно стандардизираните тестови.
Петтиот чекор е формалниот дел од процесот по успешното валидирање на софтверското решение со цел воведување во работа на идниот Регистарот.
Шестиот и финален чекор е издавање на продукциски креденцијали и сертификат за интеграција со системот за регистрација на домени со што Регистарот започнува со работа.