Секое правно лице основано во Република Македонија кое ќе ги исполни административните и технички услови предвидени од МАРнет, ќе се стекне со правото за вршење на регистрација на .mk и (или) .мкд домени.
Општите услови за работа на регистрар можете да ги преземете тука.
Техничките барања кои треба да бидат имплементирани во апликацијата за регистрација на домени, која ќе ја достави регистарот на увид, можете да ги преземете тука.
Првиот чекор за пријава за регистар е пополнување и испраќање на долунаведените документи на: info@marnet.mk
Потребно да се приложат следниве документи:
- Изјава
- Тековна состојба на субјектот
- Опис на компанијата
- Кадрова спецификација
- Опис на технички карактеристики