Системот за регистрација и менаџирање на .mk и .мкд зоната го користи системот за регистрација FRED. Комуникацијата помеѓу регистрарите и системот за регистрација се одвива преку EPP протоколот (согласно со RFC 3730-3734) со неколку измени и проширувања. Комуникацијата се одвива со користење на SSL безбедносна TCP конекција. Описот на комуникацискиот протокол вклучувајки ги проширувањата, можете да ги најдете во овој документ.
ТЕСТ ЗА АВТОРИЗИРАНИ КОРИСНИЦИ
Системот е достапен само за авторизирани корисници. Овој систем е идентичен на продукцискиот и на него можат да се тестираат сите функционалности кои ги нуди.
Пристапот до тест системот е авторизиран со SSL сертификат и приватен SSL клуч, преземени лично од кандидатите за регистрари задено со корисничкото име и лозинката.
МАРнет го задржува правото да го суспендира или да прави измени на системот вклучувајки и целосно бришење на податоците од единствениот Регистар.
Сервиси | Адреси на сервисите |
Whois web | https://mk-test.marnet.mk/whois порта 80 |
Whois преку whois сервер | mk-test.marnet.mk port 43. Преку команда whois -h mk-test.marnet.mk domain_name |
EPP интерфејс | mk-test.marnet.mk, порта 700 |