Секое правно лице основано во Република Македонија кое ќе ги исполни административните и технички услови предвидени од МАРнет, ќе се стекне со правото за вршење на регистрација на .mk и (или) .мкд домени.
* Општите услови за работа на регистратор можете да ги преземете тука.
* Техничките барања на системот за регистрација на домени можете да ги видите тука.
* Административни и Технички услови за работа на Овластените Регистратори може да ги видете тука.
Процесот на воведување на нов Регистратор се состои од следните фази:
- Пријава за регистратор
- Изработка на софтверско решение кои ќе се интегрира со системот за регистрација базирано на EPP протокол
- Презентација на софтверското решение во тест околина со цел започнување на процес на тестирање и валидација со тест околината на МАРнет.
- Издавање на тест креденцијали за валидација и тестирање согласно „Фазите на тестирање“
- Потпишување на правни акти за нов Регистратор
- Имплементација на продукциски креденцијали и започнување со работа
Првиот чекор во делот на пријава за регистратор е доставување на долунаведените документи на: info@marnet.mk
Потребно да се приложат следниве документи:
* Изјава
* Тековна состојба на субјектот
* Опис на компанијата
* Спецификација на кадрите со кои располага компанијата
* Опис на технички карактеристики и план за изработка на софтверско решение кои ќе се интегрира со системот за регистрација
Вториот чекор вклучува изработка на софтверското решение врз база на документацијата. Во овој чекор, МАРНет може да обезбеди техничка поддршка преку е-маил или состаноци во однос на технички прашања согласно потребите на идниот Регистратор. Успешното завршување на оваа фаза ќе овозможи квалитетна интеграција на системите како и разбирање на бизнис процесите поврзани со регистрацијата на домени.
Третиот чекор треба да покаже дека идниот Регистратор е спремен за започнување на тестирање и валидација согласно стандардизираните тестови, по што се смета дека идниот Регистратор е спремен за безбедна и квалитетна интеграција со системот за регистрација на домени.
Четвртиот чекор е процесот на тестирање и валидација согласно стандардизираните тестови.
Петтиот чекор е формалниот дел од процесот по успешното валидирање на софтверското решение со цел воведување во работа на идниот Регистратор.
Шестиот и финален чекор е издавање на продукциски креденцијали и сертификат за интеграција со системот за регистрација на домени со што Регистраторот започнува со работа.

