Почитувани,
Ве известуваме дека со цел усогласување со новиот Правилник за структура на домени и за нивна регистрација, како и тековните законски измени, сите овластени регистратори се должни да ги спроведат следните активности во наведените рокови:
1. Техничка и административна подготовка (Рок: 01.03.2026)
Регистрација на порталот: Задолжителна регистрација на кориснички профил на адресата: https://portal.marnet.mk/apps/registration/. При регистрацијата мора да се користи официјалната е-маил адреса за комуникација со МАРнет.
Истакнување на лого: На веб-страницата на Регистраторот мора да биде поставено логото на МАРнет, со линк кој води директно до веб-страницата на МАРнет (дел за Домени).
Правилник за домени: Задолжително поставување линк кој води кон Правилникот за управување со домени на сајтот на МАРнет. Важно: Правилникот не смее да се презема како PDF или да се хостира локално.
Транспарентност на содржини: На видливо место на вашата веб-страница мора да бидат објавени:
Важечкиот тарифник;
Правилата за регистрација;
Начините на идентификација на корисниците.
2. Усогласеност со легислативата за сајбер безбедност
Ве потсетуваме на обврските кои произлегуваат од Законот за безбедност на мрежни и информациски системи (Службен весник на РСМ, бр. 135 од 4.7.2025 година), кој стапи на сила на 01.01.2026. Како провајдери на услуги за регистрација на домени, должни сте да ги имплемен
тирате пропишаните безбедносни мерки и стандарди дефинирани со овој закон.
3. Статистички извештаи (Рок: 05.03.2026)
Секој регистратор е должен да достави статистички преглед на бројот на домени во секоја зона поединечно, со состојба заклучно со 28.02.2026. Извештајот треба да се испрати на е-маил: info@marnet.mk.
Ресурси за регистратори
За олеснување на процесот, на следниот линк можете да ги преземете официјалните логоа и да го погледнете новиот Образец – Барање за регистрација на домен:
👉 Портал за Регистратори – Ресурси ( https://portal.marnet.mk/s/AX9XxX9DBiHMC2G )
Напомена: Непочитувањето на роковите и обврските наведени во ова соопштение повлекува мерки согласно Договорот за регистратор и Правилникот на МАРнет.


