Почитувани корисници,
Ве информираме дека согласно најновите измени на „Правилникот за организација и управување со .mk и .мкд домени“, воведуваме промена на официјалниот образец за регистрација.
Што треба да знаете?
Од 1 февруари 2026 година, во употреба стапува новиот образец „Барање за регистрација на домен“. Сите нови барања поднесени по овој датум ќе мора да бидат доставени на новиот формат за да бидат процесирани.
Клучни информации:
Важност: Промената е задолжителна за сите нови барања за регистрација како и за сите барања за промени.
Примена: Почнувајќи од 01.02.2026 година.
Преземање: Новиот образец е достапен во делот Сервиси/Домени на нашата веб-страница.
Новини: Новиот образец е оптимизиран за дигитално пополнување и дигитално потпишување согласно позитивните Законски регулативи.
Ги замолуваме сите крајни корисници да го преземат новиот образец и да го користат во тековната работа. Барањата доставени на старите обрасци по наведениот рок нема да бидат прифатени.
За дополнителни прашања, обратете се до нашата техничка служба или на контакт е-маил адресата на МАРнет.


